Според последниот извештај објавен од Националното биро за осигурување на Р.Македонија за остварените резултати во првата половина од 2013 година, Триглав Осигурување АД, Скопје продолжува да биде лидер на пазарот за неживотно осигурување, со остварена бруто полисирана премија од 534 милиони денари. Постигнатата премија ја позицира компанијата на убедливо прво место, со пазарен удел од 16,16%, што е за 26,5% повеќе од второрангираниот конкурент. Пазарот на осигурување во Македонија е во постојан пораст, за што говори и фактот што во првата половина од 2013-та се забележува пораст во доменот на неживотни осигурувања од 4,7% во споредба со истиот период минатата година. Триглав во дадениот период забележа пораст во склучени договори за осигурување од 5,64% споредено со истиот период во 2012 година.
Според последниот извештај објавен од Националното биро за осигурување на Р.Македонија за остварените резултати во првата половина од 2013 година, Триглав Осигурување АД, Скопје продолжува да биде лидер на пазарот за неживотно осигурување, со остварена бруто полисирана премија од 534 милиони денари.
Постигнатата премија ја позицира компанијата на убедливо прво место, со пазарен удел од 16,16%, што е за 26,5% повеќе од второрангираниот конкурент.
Пазарот на осигурување во Македонија е во постојан пораст, за што говори и фактот што во првата половина од 2013-та се забележува пораст во доменот на неживотни осигурувања од 4,7% во споредба со истиот период минатата година. Триглав во дадениот период забележа пораст во склучени договори за осигурување од 5,64% споредено со истиот период во 2012 година.
- Фактот што 20,64% од вкупната исплата на штети во Р.Македонија, што е патем двојно повеќе од конкуренцијата, припаѓа токму на Триглав Осигурување, само дополнително говори за брзото и ефикасно решавање на штети, сигурноста која ја нудиме, како и финансиската стабилност на компанијата. А, тоа се најважните фактори кои треба да се земат предвид кога одлучувате која осигурителна компанија треба да ја изберете. Тоа го препознаваат клиентите и го докажуваат истражувањата, според кои, пазарот го оценува Триглав како компанија која нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост - изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, Ѓорѓе Војновиќ.